Македонија
28. October 2025 - 12:26

УХМР: Следува период на стабилно и суво време со пониски температури

Следува период на стабилно и суво време. Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла или ниска облачност, најавуваат од Управата за хидро-метеоролошки работи.

Поради разведрувањето утринската температура наместа ќе се спушти под нулата, а дневната ќе бележи тенденција на благ пораст. 

 

МИА