-->
-->
УХМР: Утре променливо облачно со дожд, на повисоките места снег
-->

Утре ќе се задржи променливо облачно време, на повеќе места со повремен дожд, при што во југозападните делови се очекуваат врнежи над 15 литри на метар квадратен. На повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во снег.
Според најавите на Управата за хидрометеоролошки работи, од утре се очекува и појава на магла во одредени котлини. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер, поради што се препорачува зголемена внимателност во сообраќајот.
Нови врнежи, како што велат од УХМР, ќе има и во текот на следната седмица, кога ќе настапи заладување со повремени врнежи од дожд, а на планините и во дел од повисоките подрачја и од снег.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Се продаде прилепски „Еурокомпозит“
-

Шуга кај двајца војници во велешка касарна – надлежните будно ја следат состојбата
-

Голем град, но малку специјалисти за пациентите – во велешката болница фалат офталмолози и физијатри
-

Верските заедници ја поддржуваат трансплантацијата на органи
-

Срушениот потпорен ѕид на штипска Клиничка отворена закана за пешаците и возачите
-

Преглед на вестите од светот
-

Драган Ковачки нов генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ
-

Тошковски за Сител: Централниот комитет ќе донесе одлуки во интерес на државата
