УЈП: Нулта толеранција за корупција, презумција на невиност за сите постапки

Управата за јавни приходи (УЈП) информира дека континуирано соработува со надлежните институции во сите случаи каде што постои сомневање за незаконито постапување во даночната област, нагласувајќи дека во врска со актуелниот случај кој се однесува на 11 вработени, УЈП е во постојана и целосна соработка со обвинителството, при што обезбеди и достави целосна документација, материјали и експертски појаснувања поврзани со даночната регулатива и постапките.
Стручните констатации и наодите добиени од спроведените контроли, се вели во соопштението од УЈП, претставуваат основа за постапување на другите надлежни органи.
- Управата за јавни приходи јасно нагласува дека нема компромис кога станува збор за незаконито постапување, злоупотреба или корупција. Овие појави се неприфатливи и целосно спротивни на професионалните и етичките принципи на институцијата. Истовремено, УЈП смета дека во сите постапки мора доследно да се почитува принципот на презумција на невиност, како основна гаранција во правниот поредок, информираат од УЈП.
Во меѓувреме, додека трае постапката, од УЈП посочуваат дека се преземени навремени и соодветни мерки за обезбедување непречено функционирање на институцијата и стабилност на работните процеси во засегнатата организациона единица. Со тие активности се овозможува континуитет во работењето, заштита на јавниот интерес и зачувување на институционалниот интегритет.
Управата за јавни приходи останува посветена на владеењето на правото, отчетното и професионално постапување и на заштитата на јавниот интерес. УЈП продолжува да соработува со сите надлежни органи со цел утврдување на одговорност таму каде што постои, но и зачувување на угледот, довербата и интегритетот на институцијата и нејзините вработени, стои во соопштението од УЈП.
МИА
Ново на Сител
-

Потребно е проширување на понудата на културниот туризам
-

Преглед на вестите од светот
-

Документарен филм „Природно од Преспа“
-

Тема на денот со Дарко Дaнев, кандидат за ректор на УКИМ
-

Обвинителството тврди дека промената на обвинителката нема да влијае врз предметите за „Пулс“
-

Стартува реконструкцијата на охридскиот аеродром
-

Францускиот амбасадор вели дека гаранции се невозможни, Mицкоски подготвен да чека децении за уставните измени
-

Запленети 40 тони јајца на Табановце
