-->
-->
Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Маврово - Дебар
-->

Од 10:05 часот претпладнево се укинува забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово - Дебар, информира ЈП „Македонија пат“.
Како што претходно соопшти, од 09:00 часот утрово е укината забраната за камиони на патниот правец Струга – Граничен премин „Ќафасан“ што беше воведена синоќа во 21:00, додека од 08:20 часот е укината и забраната за камиони на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража што беше воведена ноќеска во 00:25.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Одложена седницата на Судскиот совет
-

Мицкоски: Македонија ги повикува иселениците
-

Славески: Инфлацијата во 2025 околу 4%
-

СДСМ: Поради криминал имаме поскапа струја
-

Полицијата во Охрид со засилени контроли
-

Расте бројот на пациенти со покачен крвен притисок
-

Климатските промени го загрозуваат пчеларството
-

Преглед на вестите од светот
