-->
-->
Украина разгледува нова локација за преговори со Москва
-->

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека оваа недела треба да се одржат нови мировни преговори меѓу Украина и Русија, и покрај американските и израелските напади врз Иран, но додаде дека ќе се разгледа нова локација со оглед на безбедносната ситуација на Блискиот Исток.
Зеленски рече дека Киев разгледува нова локација за преговорите што треба да се одржат на 5 и 6 март во Абу Даби, но сега тие би можеле да бидат преместени во Турција или Швајцарија.
– Поради моменталните непријателства, не можеме да потврдиме дека состанокот ќе се одржи во Абу Даби, но и покрај ова, никој не го откажал состанокот, додаде украинскиот претседател.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

За Стафа 15 месеци затвор - за Ристов обвинение
-

Судење за оддавање службени тајни, објавена комуникација меѓу обвинетите
-

Обвинетиот Јовановски физички ја нападнал сопругата пред таа да се самоубие, тврди дека бил испровоциран
-

Филипче со писмо до Брисел против Мицкоски
-

Владата ги следи цените: Засега нема вештачки поскапувања
-

Сопственикот на Алта банка го шири бизнисот – купува 5 фирми во Србија
-

Лица со хемофилија без терапија а донација стои во магацин 1 месец
-

Примирјето во Либан стапи во сила
