Унијата на медицински сестри будно ќе ги следи вработувањата на „договорците“
Дали до распишување на изборите средината на февруари ќе се реализираат најавените 1117 вработувања во јавното здравство на лицата ангажирани со договор на дело. Од министерството информираат дека постапката за прибирање податоци е почната пред Нова година, а до петокот околу 30 проценти од ЈЗУ ги комплетирале бараните документи и истите биле процесуирани до Фондот за здравство. Следна институција е министерството за финансии кое треба да обезбеди средства за вработување. Дури потоа се распишуваат огласи, и се бодуваат кандидатите. Моментот кој ги загрижува здруженијата на медицински сестри е што на огласите можат да се испартизираат, да се вработат лица од надвор кои ги исполнуваат условите и повторно може да извиси кадарот кој со години бил ангажиран со договор на дело без здравствено и пензиско осигурување. Најавуваат дека будно ќе го следат процесот, иако првично мислеле дека постапката со посебна владина одлука ќе оди со решенија за трансформација на работниот однос.
- Ние дадовме подршка бидејќи мислевме дека постапката ќе оди преку трансформација. Сите медицински сестри кои се со договор на дело се заслужни да останат во болниците, изјави м-р Гордана Бешлиовска, претседател на Унијата на ЗМСТАС предводена од здружението „ЗА НАС“
Дополнително од Унијата прашуваат дали се предвидени систематизациите за сите луѓе кои ќе добијат трајно вработување во јавното здравство.
- Сите ЈЗУ не ги надополнија и завршија систематизациите и дали ги предвидоа. Тоа е нешто што не загрижува дополнително, бидејќи биле овие сестри во болниците, а не билем во бројките за систематизација. Сега условно треба да се чека одобрување од информатичко општество. Тоа е процес кој ќе трае 2-3 месеци, додаде Бешлиовска.
И министерот за здравство апелирашпе до менаџерите на болниците и клиниките да дадат предност на кадарот кој веќе бил ангажиран во установите, но потенцираше дека не можат да им забранат на останатите да конкурираат.
Од министерството не прецизираат кога треба да заврши целата постапка.
-
Александар Динев
Сите содржини од овој новинар