Уникатна шарена зграда предизвикува контроверзии во Шведска
Градбата со име „Тинг-1“ во Ернскелдсвик е една од најуникатните станбени згради во Шведска, но ја доби и титулата за „најгрда“ во тоа подрачје. И тоа, не само поради боите и уникатната архитектура, туку и поради начинот на којшто е изградена.
Фамозната „Tingshuset“ (Судска куќа) во центарот на градот е бетонска зграда од 1967 година. Изградена во дворот на Судската палата, таа се протега по целата ширина над судската палата, но така што двете згради не се допираат никаде. Од сите страни на фасадата „стрчат“ занимливи стаклени балкони - вкупно 78, а внатре има 51 стан. Темата на смели и топли бои е инспирирана од делата на шведскиот уметник Бенгт Линдстром.
Околните жители ова здание на шега го нарекуваат „Лего-куќа“, а во поново време дури и - „коронавирус“. Тоа пак, предизвикува и пофалби, и критики, и контроверзии.
Градбата беше финалист за наградата шведска зграда на годината во 2014 година и го освои одличјето „Голема плочка“. Дизајнот на зградата е потпишан од познатиот шведски архитект Јерт Вингорд. Како и скоро за сѐ друго на светов, има различни мислења. Така, покрај коментарите дека „ова е извонредна зграда“, оваа градба е означена како „најгрдата зграда во провинцијата Ангерманланд“ во истражување од 2016 година, а беше критички осветлена од движењето „Аркитектупрорет“ (‘Arkitektuproret’ - ‘Архитектонско востание’), коешто се бори против модернизмот.
Ново на Сител
-

Април или мај е најраниот термин доколку има предвремени избори
-

Тема на денот со Владимир Божиновски, универзитетски професор
-

Трамп најави крај на војната со Иран, берзите растат, цената на нафтата паѓа
-

Детонации и пожар од кабли предизвикаа паника во Кисела Вода
-

Уставните измени и изборите отворија нов фронт меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ
-

„Градски воз“ во Скопје од 1 септември
-

Повторно протест на 50-тина лица со договор на дело на Клиника за детски болести
-

Потпишан меморандум за соработка меѓу француската амбасада и министерството за култура
