Ургентен центар за два региони во КБ - Штип
На приемниот дел од болницата, на местото на дежурната амбуланта во штипска клиничка ќе започне да функционира ургентен центар. Тоа ќе биде хируршки и интернистички ургентен центар за пациентите од источниот и југоисточниот регион.
-Да се дијагностицираат и потоа да се третираат онаму каде што е потребно да се третираат во нашата болница. Ние веќе почнавме со процедурата и се надеваме дека во летниот период кога имаме помалку пациенти, кога има помалку гужва, а за да не биде нарушена работата во другите амбуланти во интерес на пациентите, се надеваме летото да го завршиме и од септември ќе биде во функција, изјави д-р Билјана Ефтимова, специјалист анестезиолог реаниматолог, КБ- Штип.
Во поранешната модуларна болница во моментот се сместени и функциуонираат 17 амбуланти, со што се растерети главнио влез на болницата.
-На пример, за ендокринологија и за подигање на инсулин, веќе се во модуларната болница и тие простории што се ослободени, кога ќе се реновира ургентниот центар, ќе функционираат за итните пациенти кои треба да се примат, изјави д-р Владко Захариев, директор на Клиничка болница- Штип.
Со отворањето на ургентниот центар, пациентите ќе добијат побрз пристап до специјалистичка помош и навремена дијагностика, а болницата ќе го зајакне капацитетот за справување со итните случаи од двата региони.
-

Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар
