Уште 42 лица, вклучувајќи го и градоначалникот на Бејоглу, се приведени во истрага за корупција во општина Истанбул
Уште 42 лица, вклучувајќи го и градоначалникот на инстабулската општина Бејоглу, Инан Гунеј, беа приведени утрово во истрага за корупција во општина Истанбул, во која беа уапсени градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, и неколку други високи функционери од главната опозициска Републиканска народна партија (ЏХП) на 19 март, објави ТРТ Хабер.
Според обвинението од страна на Главното јавно обвинителство на Истанбул, 35 лица се осомничени во истрагата во врска со финансиски измами во неколку општински компании. Во исто време, осомничени се и уште девет лица за кои е утврдено дека се дел од криминална организација вклучена во измами на социјалните медиуми.
Обвинителството издаде налози за апсење за вкупно 44 лица, а по двајца од нив сè уште се трага.
По првичните апсења во март, турските власти спроведоа неколку операции за притворање на вработени во Општина Истанбул и лица поврзани со нив, како резултат на што 103 лица се во притвор, а над 200 се под различни мерки на притвор, објави веб-страницата „Хаберлер“.
Екрем Имамоглу, кој се смета за најсериозен противник на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, беше приведен на 19 март под обвинение за корупција. На 23 март, судот му го продолжи притворот, а неколку дена подоцна, Советот на Истанбулската општина го отстрани Имамоглу од функцијата. Притворањето на Имамоглу, кој ги негира обвиненијата, предизвика бран протести опишани како најголеми во Турција од 2013 година.
МИА
Ново на Сител
-
Црногорската полиција трага по македонски државјанин осомничен за обидот за убиство на Марко Љубиша Кан во Будва
-
64-годишна жена нападнала малолетничка во Гази Баба
-
Тимови на Државниот пазарен инспекторат го контролираат спроведувањето на одлуката за цените на училишниот прибор
-
Приведено лице од Турција, при влез во државава во неговиот автомобил пронајдени два ножа, боксирач и палка
-
Во јуни издадени 213 одобренија за градење
-
Капацитетот на Армијата се зголемува, нови 29 оклопни возила од САД
-
17-годишник на мопед изгубил контрола и паднал, при што тешко се повредил
-
Кривична за 73-годишник од Битола, со остар предмет нападнал друго лице на автобуска станица