Уште четири кривични пријави за директорката на Гинекологија, таа бара институциите да ги проверат обвинувањата за криминал
Разрешениот економски менаџер на Клиниката за Гинекологија во Јавното обвинителство поднесе 4 нови кривични пријави против актуелната директорка. Ваљон Беља ја обвинува Викторија Јовановска за злоупотреба на службената положба. Не му било дозволено да разрешува раководители кои немале соодветно образование мислејќи на главната медицинска сестра која завршила Филолошки факултет и средно медицинско.
Екс директорот обелодени дека за 1 година двојно се зголемил долгот на Клиниката, но не ја кажа сумата. Потенцираше дека на ГАК и се заканува блокирање на сметката.
-Викторија Јовановска диктираше на кои фирми колку пари да им се пуштат. Додека бев таму стигнаа 20 опомени за тужби кои ако бидат активирани ќе се блокира жиро сметката, а тоа значи лоши денови за бебињата, рече Ваљон Беља, поранешен економски директор на ГАК.
Ваљон Беља најави и нови тужби. Вели дека за се има докази, а документите ќе ги доставел до странски амбасади и канцеларијата на ЕУ во Скопје.
Од обвининителствотото за Сител велат дека пријавите се процесуираат, а за понатамошниот тек на постапките дополнително ќе информираат.
Медицинската директорка на скопска гинекологија ги покани институциите да ги испитаат сите обвинувања. Пред 10 дена Јовановска изјави дека Беља и се заканувал зошто не сакала да го продолжи хонорарниот договор на двајца негови советници.
Министерот за здравство не сакаше да ги коментира новите кривични пријави од разрешениот директор, а во однос на долгот рече дека сите здравстени установи имаат долгови.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
