Уставен суд: Формирани предмети во кој е оспорен Законот за данок на солидарност

Уставниот суд информира дека се оформени два предмета по поднесени иницијативи, во кои е оспорен Законот за данок за солидарност во целина.
Oва, како што велат од Судот, значи дека Уставниот суд допрва ја почнува постапката и ќе ги испитува наводите во двете иницијативи.
Иницијативите се поднесени од Финмак ДОО, Скопје преку адвокатско друштво Дебарлиев, Дамески и Ќелешовска и од Стопанска комора на Република Северна Македонија преку адвокат Игор Спировски.
-На прашањето дали Уставниот суд ќе донесе времена мерка за да го стопира спроведувањето на законот, информираме дека согласно Деловникот за работа во оваа фаза од постапката, Уставниот суд не одлучува одделно само за времената мерка, туку кога ќе се расправа и одлучува по главниот предлог во врска со предметот, истакнуваат од Судот.
Анета Трајковска од Стопанската комора денеска истакна дека иницијативата е поднесена на 12 октомври и во неа е побарана времена мерка токму поради кратките рокови предвидени во законот со цел да се спречи евентуално настанување на некои последици кои потоа потешко може да се санираат.
-Во функција на заштита на нашите компании членки е поднесено барањето за времената мерка, останува Судот да си ја донесе својата одлука, рече Трајковска во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Стопанската комора и додаде дека Комората секогаш протежира законита и легитимна постапка.
Ново на Сител
-

Вратени иселенеци на форум во Влада - И Македонија може да биде „ветената земја“
-

Паркингот на Клинички стана сопственост на државата, а ќе го управува „Градски паркинг“ - Ќе се реши ли хаосот?
-

100 возила за Пошта
-

ВМРО-ДПМНЕ: Заев гради зграда на 40 спрата во Дубаи - Филипче си купил стан
-

Свлечиштето кај депонијата Мегленци ги вознемири жителите: Има ли опасност од ново?
-

Преглед на вестите од светот
-

Избор на нови министри во Собранието
-

Одложена седницата на Судскиот совет
