Уставен утре ќе се произнесе за графата националност- Во игра е времена мерка
Уставен утре ќе одлучува дали и во иднина ќе се впишува националност во изводите. Судиите ќе треба да се изјаснат дали ќе поведат постапка за уставноста на Упатството за издавање изводи со кое од неодамна се запишува и националната припадност.
Предметот го оформија по сопствена иницијатива со сомнеж за неуставност, на која сите се согласиле, но утре судиите и официјлно ќе треба да се изјаснат дали впишувањето националност е спротивно на уставот. Во игра е донесување и на времена мерка со која веднаш ќе прекине издавањето документи со графата националност.
Во меѓувреме, поранешната министерка за правда и професор по Уставно право, го повика судот да го укине делот од Законот за матична евиденција.
Според Рената Дескоскса, етничката припадност е личен податок заштитен со закон на кој државата се обврзала и со меѓународни договори.
„Јас очекувам дека надлежното министерство ќе предложи измена на Законот за матична евиденција, заради усогласување со меѓународните обврски, а не измена на упатството за примена на законот. Ова што се случува во моментот е ретограден процес и непочитување на меѓународните обврски кои сме ги презеле како држава“ - пишува Дескоска.
Таа потесетува дека со Законот за матична евиденција од пред 13 години е регулирано дека националноста се запишува само во матичната книга, ама не и во изводите од неа.
„Изгледа дека во 2010, тогашниот министер имал повеќе сенс за меѓународните трендови за заштита на човековите права, од денес во 2023 година. Беше предвидено, законската одредба да се примени на матичната книга, а со оглед дека законот не предвидува што содржи изводот кој е во поширока употреба, да не се споделуваат сензитивни податоци како што е етничката припадност“
За Министерството за правда, впишувањето националност е дел од законот за матична евиденција. Во меѓувреме министерот Лога се пофали со својот извод со кој докажува дека е албанец.
-

Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
