Уставната судијка Дабовиќ поднесе оставка

Уставната судијка Јадранка Дабовиќ-Анастасовска поднесе оставка. Во образложението на оставката доставено до Собранието таа наведува дека заминува од Уставниот суд поради приватни и семејни причини.
„Вршењето на функцијата судија на Уставниот суд за мене беше голема чест и одговорност. Се трудев да ја извршувам функцијата одговорно, со посветеност и професионалност. Но, поради непредвидените околности, сметам дека нема да можам да работам на предмети со целиот свој капацитет, кои најчесто не се од мојата потесна професионална определба на која сум се усовршувала цели 40 години“, пишува Дабовиќ-Анастасовска.
Од 1 јануари 2026 година таа се враќа како професор на Правниот факултет на Универзитетот Кирил и Методиј.
Дабовиќ Анастасовска беше избрана за уставна судијка од парламентот во декември 2023 година како предлог на тогашната власт. Со нејзиното заминување Уставниот суд ќе остане да работи со седум судии, од вкупно 9 колку што треба да ги има. Тоа може да ја отежне работата на Судот и да ја врати состојбата во времето кога претседател беше судијката Кацарска, а Уставниот суд имаше само пет судии.
Ново на Сител
-

Судење на струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов
-

Текстилната индустрија полека згаснува
-

Преглед на вестите од светот
-

Стратешки дијалог во Вашингтон
-

Тема на денот со проф. д-р Биљана Ангелова, актуелен и кандидат за нов ректор на УКИМ
-

Охридскиот кеј со двете пристаништа конечно ќе добие нов лик
-

Фондација Елеуса обезбеди Велигденски пакети за 220 семејства во социјален ризик
-

Македонката Мартина Димоска дел од поддршката на Артемис 2 сведочи за очекувањата во НАСА
