Бизнис
25. December 2023 - 16:37

Утре ќе се знае за колку ќе поскапи струјата

Новата цена на струја ЕВН Хоум ја испрати до Регулаторната Комисија.  Ќе ја соопштат утре, откако денеска ќе проверуваат дали е оправдана. Барањето на енергетските компании беше поскапување за 27%, но регулаторот јавно соопшти дека тој процент нема да го добијат. 

Сепак, треба да се земат в предвид и зголемените трошоци на компаниите поради загубите, зголемените плати и за над 7% повисоката набавна цена на струјата на струјата  изјави минатата недела Бислимовски.

Утре ќе се знае и колку ќе чини новиот надоместок за пристап до мрежа, кој  ќе го плаќаат сите домаќинстав, без разлика дали трошат струја или не. Според пресметките, сумата би се движела од 50 до 250 денари.

Поевтинување ќе има кај ставката мрежарина, за која корисниците реагираат дека некогаш ја надминува и сумата за самата потрошена енергија. Според регулаторна, овде намалување би било за 20%.

И додека се чека новата цена на струјата, од ЕВН велат дека се при крај и со сетирањето  на броила за дневна евтина тарифа. Од денеска почнува за потрошувачите од 4 група, а до крајот на оваа недела очекуваат околу 90% од домаќинстава  да добијат евтина струја од 13 до 15 часот.

Објектите кои им се недостапни на екипите, како затворени објекти, викендички и слично., ќе плаќаат скапа тарифа додека не им овозможат простан до броилата.