Македонија
29. July 2025 - 12:32

Утре состанок на социо-економскиот совет, ССМ ќе бара зголемување на платите за 6000 денари

По подолг период утре ќе се одржи состанок на социо-економскиот совет. Синдикатите, работодавачите и владата ќе седнат на заедничка маса.

Од ССМ најавуваат дека на состанокот утре повторно ќе побараат зголемување на минималецот на петстотини евра и 6000 денари зголемување на сите останати плати.

Само на овој начин, според нив, државата ќе покаже дека се грижи за работниците, но и за подобрување на животниот стандард на граѓаните.