-->
-->
Ужас во Скопје: Mажи на возраст од 47 и 62 години силувале дете помало од 15 години
-->

СВР Скопје поднесе кривична пријава против две лица од Скопје поради сомнение дека извршиле полови дејствија врз дете помало од 15 години.
Како што информира Министерството за внатрешни работи, кривичната пријава е поднесена против П.Н. (47) и А.Т. (62), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“.
Според информациите од МВР, осомничените во јули 2025 година извршиле полови дејствија врз малолетник.
Против двајцата е поднесена кривична пријава за натамошно постапување на надлежните органи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Евростат: Речиси секој десетти студент во Македонија е од странство
-

Преглед на вестите од светот
-

Собранието ги продолжи прекинатите опозициски пратенички прашања
-

Осум месеци затвор за Игор Дашковски за палењето на автомобилите на бугарската амбасада
-

Итната помош од Прилеп доби 3 нови возила, но недостасуваат уште 4 доктори, 8 медицински сестри и 6 шофери
-

Преглед на вестите од светот
-

Градоначалникот на Скопје даде отчет за сработеното за првата година од мандатот
-

Протест на Форум на жени на СДСМ
