Вардар 1961 со победа стартуваше во Лига Европа

Ракометарите на Вардар 1961 со победа стартуваа во ЕХФ Европската лига, совладувајќи го вечерва на домашен терен во Скопје исландски Валур со 33-26 во рамки на воведното коло во групата Ф.
По почетното водство на Валур од 2-0, Вардар ја презеде контролата врз резултатот и наметна цврста игра во одбраната која на полувреме му донесе убедлива предност од 19-11.
Валур на средина од вториот дел на два пати се доближи на пет голови негатива (25-20, 26-21), но Вардар не дозволи натпреварот во СЦ „Јане Сандански“ да влезе во неизвесна завршница и со победа го почна настапот на европската сцена на која се врати по пауза од две години.
Срдановиќ и Борозан со по шест голови беа најефикасни во редовите на „црвено – црните“, а забележителен настап имаше и голманот на Вардар, Еспиња, кој запиша 14 интервенции.
Вардар во второто коло во Европската лига му гостува на германски Мелсунген. идниот четврток од 18:45 часот.
Ново на Сител
-

Над 60 дoмаќинства без покрив над глава по излевањето на Зајаска Река во Кичево
-

Доколку Радев стане премиер на Бугарија, се очекува уште позаострен дијалог со Македонија
-

Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
-

Кичево под вода
-

Партиски игри го кочат стартот на анкетната комисија
-

Касами, Меџити, Сали и Фетаи се поблиску до формирање на партија ВРЕДИ
-

СДСМ бара повлекување на законот, ВМРО-ДПМНЕ тврди се прават реформи за поправање на грешките од минатото
-

Камионџиите чекаат решение од ЕУ: Времената мерка може да го олесни престојот
