Вавринка со историско достигнување
Швајцарскиот тенисер Стен Вавринка испиша историја со тоа што стана најстариот играч кој победил на Мастерс 1000 меч откако го победи Французинот Џовани Мпечи-Перикард со 7-6 (2), 7-6 во првото коло на турнирот во Шангај. Дуелот траеше 1 час и 50 минути, а 39-годишниот ветеран покажа исклучителен дух и умешност на теренот.
Вавринка, кој е цели 18 години постар од противникот, спаси две сет-топки - едната во првиот, а другата во вториот сет, пред да ја обезбеди победата. Оваа победа е особено значајна бидејќи претходниот рекорд за најстар победник на Мастерс го држеше Хрватот Иво Карловиќ, кој на 40-годишна возраст го доби својот меч на Индијан Велс во 2019 година против Австралиецот Метју Ебден.
Овој успех беше прв за Вавринка во Шангај од 2016 година и прва победа на Мастерс 1000 во Синсинати од 2023 година. Со денешниот успех тој ја забележа и својата 100-та победа на Мастерс турнирите, со што стана само 12-тиот тенисер на кој тоа му успеало, со што бележи значајна пресвртница во кариерата.
Ново на Сител
-
Свечена академија по повод Свети Кирил и Методиј
-
Сиљановска-Давкова ја посети базиликата „Санта Марија Маџоре“ во Рим
-
Прославен денот на сесловенските просветители во Прилеп
-
Бугарија засега не потврдува средба Сиљановска-Радев со високи претставници на ЕУ, НАТО и САД
-
Љупчо Димовски реизбран за претседател на СПМ
-
ВМРО-ДПМНЕ: ОЈО да ја преиспита улогата на Филипче
-
Семејствата на починатите од „Пулс“ да се вклучат во кривичниот прогон
-
ИЗЈ: Позитивните на мајмунски сипаници се во добра состојба - Отворени телефонски линии за информации за граѓаните