Вчера пронајдени 24 мигранти, уапсени двајца криумчари од Сирија
На 08.07.2025 околу 17.40 часот во близина на локалниот пат помеѓу с.Богородица и с.Стојаково од страна на полициски службеници од ПСГН Богородица биле пронајдени 13 лица мигранти (11 од Египет и 2 од Сирија), а околу 18.30 часот во близина на фабрика во с.Стојаково биле пронајдени 11 мигранти од Египет, кои претходно биле превезени со патничко возило „мерцедес“, соопшти МВР.
Мигрантите се спроведени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“-Гевгелија и со нив бил извршен службен разговор, во кој изјавиле дека групата ја водел А.А.(26), а му помагал И.К.(22), двајцата од Сирија. Околу 20.00 часот двајцата осомничени биле лишени од слобода поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по чл.418-б од Кривичниот законик и се задржани за понатамошна постапка. Известен е јавен обвинител од ОЈО за ГОКК и против лицата ќе следува соодветна пријава.
Ново на Сител
-
Се одложи стартот за судењето за Онкологија
-
Турската компанија Чагатај Кабло отвора нов погон во Бунарџин
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги наруши меѓународните позиции и ја понижи Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ: Институциите успешно се справуваат со пожари
-
СДСМ обвинува за нови тендерски мрежи на владата
-
Објавен конкурсот за упис на УГД – Штип за академската 2025/2026
-
Преглед на вестите од светот
-
Денеска вкупно 29 пожари, активни се уште се 9, меѓу кои и кај Блаце