Венс: Тажен сум поради изборниот пораз на Орбан, но САД се подготвени да соработуваат со неговиот наследник

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс изјави дека е „тажен“ поради поразот на унгарскиот премиер Виктор Орбан на изборите, притоа нагласувајќи дека САД се подготвени да соработуваат со неговиот наследник, конзервативецот Петер Маѓар.
-Ме растажува што изгуби, но сигурен сум дека ќе соработуваме многу добро со следниот унгарски премиер – рече Венс во интервју за Фокс њуз.
-Многу добро знаевме дека постои голема веројатност Виктор да изгуби на овие избори – додаде тој неколку дена откако лично ја посети Будимпешта за да ја изрази поддршката на САД за Орбан.
Ватикан треба „да се држи до моралните прашања“, додаде Венс, откако папата Лав XIV изјави дека не се „плаши“ од владата на САД.
-Да, мислам дека во некои случаи би било подобро Ватикан да се држи до моралните прашања и да му препушти на американскиот претседател да ја одредува американската политика – рече Венс во интервјуто.
МИА
Ново на Сител
-

Пензионерите добија три проценти повисоки пензии
-

Стопанска комора бара да се скратат празнични неработни денови, за да се зголеми продуктивноста на работниците
-

Технологијата ги дава одговорите, но наставникот ги поставува вистинските прашања
-

Ново археолошко богатство кај Корошишта
-

Премиерот Мицкоски во Теарце
-

ВМРО-ДПМНЕ: Во ЕУ не се оди со селективна борба против корупција
-

Јаневска: Да го вратиме достоинството на наставникот
-

Преглед на вестите од светот
