-->
-->
Венс: Трамп ми рече дека има мисија да го врати мирот во Европа
-->
Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, изјави дека денеска американскиот претседател Доналд Трамп му рекол дека има мисија да го врати мирот во Европа.
„Разговарав со него… и тој многу едноставно рече дека нашата администрација ќе има мисија да го врати мирот во Европа“, рече Венс во обраќањето пред американските војници во воена база во Англија.
Венс ги даде коментарите откако присуствуваше на виртуелен состанок со Трамп, европските лидери и украинскиот претседател Володимир Зеленски пред средбата на Трамп со рускиот претседател Владимир Путин во Алјаска в петок.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Нова формула за финансирање на основното и средното образование
-
Одблокиран процесот за лиценци кои се неопходни за работа во градинка
-
Онколошки амбулантски терапии ќе се аплицираат во Штипска Клиничка
-
Еразмус плус тема за партиски препукувања
-
Трето издание на „Ohrid Water Festival“
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: 24 години по рамковниот – заедно сме посилни
-
Активни три пожари на отворено во Македонија