Верстапен победник на трката за Големата награда на Катар

Возачот на Ред Бул Макс Верстапен триумфираше на денешната трка за Големата награда на Катар. Ова за Верстапен е 70.та победа во кариерата и со новите 25 бодови се проби второто место во генералниот пласман. Ова беше седма победа сезонава за светскиот првак Верстапен, а по седум победи имаат и конкурентите за шампионската титула Оскар Пјастри и Ландо Норис.
На победничкиот подиум – второ место освои Пјастри од Мекларен, додека Карлос Саинз од Вилијамс го освои третото место.
Лидерот во генералниот пласман Ландо Норис го освои четвртото место откако во последниот круг го мина Кими Антонели од Мерцедес.
Во генералниот пласман води Норис со 408 бодови, пред Верстапен со 396 и Пјастри со 392.
Светскиот првак ќе биде познат на последната трка во Абу Даби, која се вози следниот викенд на 7.декември.
МИА
Ново на Сител
-

Одбележување на Илинден во Пелинце и Св.Прохор Пчински
-

Сиљановска Давкова за Илинден во Скопје
-

123 години од Крушевската република
-

Филипче со илинденска порака од Мечкин Камен
-

Уапсени се 6 лица по вчерашното пукање на семејна прослава во гостиварско
-

Нема нови потврдени случаи на западно-нилска треска
-

Протест во Крупиште
-

Охрид пулсира 24 часа
