Ветрот ја менува состојбата во Малешевијата
Пожарот кај с. Будинарци, Беровско кој во пладневните часови се разгоре, e ставeн под контрола и за сега нема опасност од негово проширување. Пожарот е локализиран пред да стигне до првиот пунк за вода. Најголем проблем на пожарникарите им задаваше ветрот кој повторно ги разгорува дрвјата кои тлеат и не се сосема изгаснати.
- Имавме многу поволна ситуација. Пожарите кај село Будинарци се спојуваа едниот со другиот што е вистинска реткост. Меѓутоа после тоа, помеѓу 12 и 14 часот дојде до нагло влошување - изјави Беќим Максути, директор на дирекцијата за заштита и спасување.
Во негово сузбивање учествуваа и австриските против пожарни единици. Целосно е изгаснат и пожарот во близина на село Мачево, кој беше нај проблематичен и најопасен. Денеска во посета на австрискиот камп во Пехчево беа евроамбасадорот Дејвид Гир и словенечкиот и бугарскиот амбасадор во Македонија.
Од Бугарија, од градот Смолјан на Родопите, пристигнува нов тим од 9 пожарникари.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар