Вицепремиерот Николоски учествува на Форум за министри за транспорт во Истанбул
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска и утре учествува на Форум за министри за транспорт што се одржува во Истанбул.
Како што информира Министерството за транспорт, предвидено е Николоски да се обрати на панел насловен „Иновативни можности и решенија за финансирање на транспортни коридори".
-На Форумот „Глобална транспортна поврзаност" е предвидено да се обрати претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, министерот за транспорт на Турција, Абдулкадир Уралоглу, како и други министри од Европа и светот, соопшти Министерството.
На настанот ќе учествуваат голем број министри, меѓу кои во соопштението се наведени министрите за транспорт на Шпанија, Албанија, Саудиска Арабија, Сингапур, Црна Гора, Обединетите Арапски Емирати, како и многу други високи претставници од институции од областа на транспортот.
Ново на Сител
-
Муртезани: 26 земји во Унијата го признаваат македонскиот јазик и идентитет, освен Бугарија
-
Македонија ќе одвои 5% од БДП за одбраната, експертите: Одлуката е неопходна, а парите ќе се вратат во економијата
-
Африм Гаши негира негова смена од спикерското столче - во ВРЕДИ се било во ред
-
Левица со интерпелација за Јавниот обвинител
-
Дурмиши: И владината кошница ќе брои 4 члено семејство и ќе биде пореална од онаа на ССМ
-
Признание за Самарџиев
-
Преглед на вестите од светот
-
Гаши: Нема проблеми во владината коалиција