Македонија
14. April 2026 - 16:32

Вицепремиерот за европски прашања очекува позитивен извештај од ЕК

Додека Брисел ги финализира последните забелешки од годишниот извештај за напредокот на земјава, во Скопје владее умерен оптимизам дека годинава државата ќе добие позитивна оценка.

Вицепремиерот за ервопски прашања вели дека владината делегација е во постојана и интезивна комуникација со претставниците на Европската комисија. Клучниот столб на кој Владата го темели својот оптимизам е Реформската агенда, документ кој е тесно поврзан со планот за раст на Западен Балкан. Според Сали, сите државни институции работат на исполнување на обврските кои се предуслов за повлекување на финансиската помош од ЕУ. 

И натаму жежок костен е политичкиот дел од критериумите. Минатата недела, бугарската министерка за надворешни работи упати остри критики и повтори дека без безусловно вметнување на Бугарите во Уставот, Македонија не може да ги продолжи преговорите.

Од друга страна, македонската влада останува на ставот дека вистинска промена во односите може да се очекува само со посилен ангажман од Брисел и водечките земји членки на Европската Унија, а промена на уставот не е можна без Софија да ги признае меѓународните пресуди за правата на македонското малцинство во Бугарија.