Видливи повреди забележани кај ученичка од основно училиште во Велес - МВР го расчистува случајот

На 26 октомври 2026 година, во Секторот за внатрешни работи Велес било пријавено од страна на Центарот за социјални работи Велес дека од стручната служба при основно училиште биле известени за случај во кој кај ученичка биле забележани видливи повреди.
По добиеното известување, со цел да се утврди здравствената состојба на детето, бил извршен лекарски преглед.
Во врска со случајот, полициски службеници од СВР Велес презеле соодветни службени мерки и активности, при што бил извршен службен разговор со 57-годишна жена, која е законски старател на детето.
За настанот бил известен и надлежниот јавен обвинител, а надлежните институции продолжуваат со постапувањето за целосно утврдување на околностите под кои настанале повредите. По целосното расчистување и документирање на случајот, против одговорното лице ќе биде поднесена соодветна пријава согласно законските прописи.
Ново на Сител
-

Над 5.000 договорци ќе добијат шанса за редовно вработување - поднесен нов закон
-

Ако не се најде решение за превозниците, ќе нема кој да ја испорача стоката до Унијата
-

На Неврологија третирале 16 годишен пациент со мозочен удар
-

Потпишана Националната програма за достоинствена работа
-

СДСМ: Историска победа во Србија – ќе се расчистат криминалите во Македонија
-

ВМРО-ДПМНЕ: Промените почнаа кога падна Заев
-

Бесплатни прегледи на Клиниката за неврологија
-

Недостига пристап до здравствена заштита во затворите
