Висок ирански свештеник побара од папата да го осуди убиството на ајатолахот Али Хамнеи

Влијателниот ирански свештеник Алиреза Арафи денеска испрати писмо до папата Лав XIV, во кое бара поглаварот на Римокатоличката црква да го осуди убиството на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи.
Очекуваме гласно и јасно да ги осудите овие гнасни злосторства против човештвото и непочитувањето на достоинството на верските водачи и да ги означите како некомпатибилни со учењата на христијанството, наведува Арафи во писмо до папата.
Претходно, папата Лав XIV изрази загриженост поради ескалацијата на војната на Блиски Исток и го изрази своето „длабоко жалење“ за сите жртви.
Ватикан, исто така, предупреди на ерозија на меѓународното право.
Арафи раководи со иранските религиозни семинарии и е висок член на моќниот Совет на чуварите. Тој, исто така, беше дел од привременото раководство загинувањето на Хамнеи во нападот на 28 февруари и пред именувањето на новиот ајатолах, неговиот син Моџтаба Хамнеи.
МИА
Ново на Сител
-

Бирото за образование анализираше колку основците во Македонија се финансиски (не)писмени
-

Војната на Блискиот Исток влезе во 14 ден
-

Трендафилов: Утре протест на ССМ
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го контролира ССМ
-

СДСМ: Божиновска била управител во фирма за трговија со струја
-

Јаневска: Законот за високо образование наскоро во владина процедура
-

Сточарите бараат итна исплата на заостанатите субвенции
-

Раст од 6,2% на бројот на туристи во јануари
