-->
-->
Виз Ер скопски маратон: Имери и Бакрачи најбрзи на полумаратонот
-->

Албион Имери од Албанија во машка и во Греса Бакрачи од Косово во женска конкуренција победија на полумаратонската трка кој денеска се одржа во рамки на 21. издание на Виз Ер скопскиот маратон.
Имери ја истрча полумаратонската трка со време од 1:07:57 часа, минувајќи прв низ целта пред македонските натпреварувачи Иван Пешовски (1:11:30) и Александар Арсов (1:12:52).
На женската полумаратонска трка, најбрзо време оствари Греса Бакрачи од Косово, истрчувајќи ја делницата од 21 километар за 1:20:50.
Втора низ целта мина македонската натпреварувачка Теа Божиновска со време од личен рекорд (1:21:10), а третото место го освои сонародничката Милјана Ристиќ Стојчевска (1:22:13).
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Од Собранието најавија итна седница за измените за заштита од насилство штом Владата испрати издвоено мислење
-

Тема на денот со Марта Гусар, адвокат
-

Пензиските друштва го чекаат потенцијалното решение за реформа
-

Комората на вештаци со конкретни резултати по две години од основањето
-

Седница за пратенички прашања
-

Над два милиони евра ќе треба да вратат фирмите за брзи кредити на оштетените потрошувачи
-

Дата центри ќе се градат – Потребна е транспарентност од надлежните да кажат колку ќе трошат струја
-

Студентите бараат 4.500 денари месечно за оброк, Владата најавува нов систем со двојно бенефиции
