Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола, 11 изгаснати

Вкупно 12 пожари на отворен простор се регистрирани до 7:30 часот изутринава, од кои нема активни, еден пожар е под контрола, а 11 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи.
Под контрола е пожарот во општините Македонски Брод и Сопиште: с. Белица, м.в. Кајорец (опш. М. Брод), проширен кон Јасен (опш. Сопиште) – нискостеблеста и мешана шума.
Изгаснати се 11 пожари во Општина Теарце: с. Нераште – ѓубре, Општина Свети Николе: с. Ерџелија – ниска вегетација и ѓубре, Општина Велес: с. Раштани и с. Белештевица – ниска вегетација, Општина Карпош: Кеј на Вардар – ѓубре. Општина Сарај: с. Долно Свиларе – ниска вегетација и мешана шума, Општина Гази Баба: с. Трубарево – ниска вегетација и ѓубре, Општина Долнени: с. Десово – ниска вегетација, Општина Битола: кај „Економијата“ од затворот, близу Битола – ниска вегетација, Општина Куманово: с. Агино Село – ниска вегетација, Општина Илинден: с. Дељадровци и с. Мршевци – ниска вегетација, Општина Гази Баба: с. Стајковци – ниска вегетација.
МИА
Ново на Сител
-

Полициска акција на УГД
-

Продолжува судењето против судијата Ристов
-

Растат платите во Армијата за 10%
-

СДСМ со интерпелација за Стоиљковиќ
-

Студенти по архитектура изработија идејни решенија за мултимедијален центар во Струмица
-

Преглед на вестите од светот
-

Дали поддршката на ВРЕДИ за ДУИ во Брвеница ќе донесе предвремени парламентарни избори?
-

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП
