„Вкуси го Охрид локално – Празник на локалната храна, културата и занаетчиството
Бројните манифестации во екот на летната сезона привлекуваат огромен број гости во главниот туристички центар.Настанот Вкуси го Охрид локално кој се одржува 4та година по ред на едно место собира преку 30 локални производители, традиционална гастрономија, занаетчиски вештини и културното наследство каде посетителите имаат можност да го доживеат регионот.
Ваквите настани ја промовираат нашата традиција и го оджуваат нашиот идентитет за кој ние како држава вечно се бориме да го докажеме вели професорката на Факултетот за туризам Ангела Крстаноска Паскуале .
Охрид како туристичка дестинација покрај природните убавини и културно историските знаменитости има автентични локални специјалитети кои се привлечни за странските туристи.Инаку градот деновиве го живее е преполн со гости од сите кареви ширум светот.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар