Влада: Преку кампања купувај домашни земјоделски производи ќе го зголемиме производството и потрошувачката
Преку кампањата купувај домашни земјоделски производи го стимулираме растот на домашната економија и директно влијаеме врз зголемување на потрошувачката на земјоделските производи кои ги произведуваат македонските земјоделци, велат од Владата.
Целта на оваа кампања на Владата и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како што нагласуваат, е да се промовира домашното производство и да се зголеми сопственото производство.
-Граѓаните ќе можат да купуваат домашни земјоделски производи во маркетите, а секој производ кој е произведен во Македонија или е увезен од надвор ќе биде обележан. Со ова не само што ќе се зголеми побарувачката на пазарот, туку ќе се зголеми и земјоделското производство. Ако претходно имавме состојба каде што се напуштаа нивите, сега ќе ги поттикнеме земјоделците со својот труд да се вратат на полињата. Наша основна цел е Македонија да ја направиме земјоделски независна држава, се вели во денешното соопштение од Владата.
Во него се додава дека преку конкретни мерки и чекори кои директно помагаат за развој на домашната економија и раст на БДП.
-Една година Влада значи целосна посветеност и реализација на проекти. Земјоделците се наш фокус и продолжуваме заедно да градиме одговорни политики кои ќе ги задоволат нивните барања и потреби, велат од македонската Влада.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Оливер Спасовски, координатор на пратеничката група на СДСМ
-
Доживотен затвор за обвинетите за убиството на Вања и Панче, таткото на Вања доби ослободителна пресуда
-
Скопскиот Кривичен суд ќе го води судскиот процес за пожарот во кочански „Пулс “
-
Радев со писмо до Брисел ги брани своите позиции, за Мицкоски апсурдно е креирање на нација во 21 век
-
Историска одлука на НАТО: Земјите членки ќе издвојуваат по 5% од БДП за одбраната
-
Алиу со дигитализација во министерскиот кабинет – секој петок 15 минутен онлајн разговор со граѓани
-
Банките доброволно да ги намалат провизиите или државата ќе ги регулира надоместоците
-
Се следи состојбата со цените на пазарот