Владата чека оставка од обвинителот Коцевски
Јасна беше волјата на пратениците и пораката која вчера ја испрати Собранието. Тоа е силен институционален сигнал кој не може и не смее да биде игнориран. Очекуваме државниот јавен обвинител да постапи морално и да поднесе оставка. Тоа би било одговорен и достоинствен чин, во интерес на правдата и довербата на граѓаните.
Во исто време, вчерашниот исход ја потврди и неоснованоста на тезите што со месеци беа пласирани од опозициските партии за наводна спрега помеѓу Владата и Обвинителството. Тие тези денес паднаа во вода. Оваа Влада не калкулира со правдата.
Дополнително, реториката на ДУИ, базирана на поделби и страв, уште еднаш се покажа како празна и насочена исклучиво кон задржување на моќта. Наместо да ја злоупотребуваат етничката чувствителност за лични политички цели, најмалку што треба да направат е да се извинат на Албанците за лагите со кои со месеци ги кажуваа. Време е да почнеме да градиме политика на одговорност, а не на манипулација.
Ново на Сител
-
10-тина млади лица добија државна субвенција за воздухопловна обука
-
Мицкоски: Разрешувањето на Коцевски ќе продолжи во ноември
-
Комплетно реновирани операциони сали на Клиниката за уво, нос и грло
-
Преглед на вестите од светот
-
Втора седница на Советот за безбедност во вила „Водно“
-
Нова опрема на Клиниката за уво, нос и грло
-
Владата субвенционира идни пилоти
-
СДСМ бара да не се потпише указот за Законот за полиција