Владата и Општина Кочани се подготвуваат за одбележување на годишнината од трагедијата во Пулс
Државната и локалната власт во Кочани се подготвуваат за одбележување на годишнината од најголемата трагедија во историјата на државата. Владата в сабота ќе организира Меѓународна конференција во чест на 63-те загубени животи.
На конференцијата планирани се панели на кои ќе се анализира одговорот на државата по пожарот во импровизираната дискотека „Пулс“, но ќе се бара и начин како системот да се зајакне во иднина.
Општина Кочани, пак, во текот на целиот викенд ќе организира активности кои ќе почнат в сабота на 14-ти во црквата Св. Ѓорѓи Великомаченик каде ќе чиноначалствуваат архиепискот охридски и македонски Г.Г. Стефан и владиката Оларион од Брегалничката епархија. В сабота и недела ќе има повеќе спортски и културни настани, а на 16-ти општината ќе ги организира главните активности.
На 16 март минатата година во 02:32 избувна пожарот во дискотеката Пулс кој однесе 63 млади животи. Над 200 луѓе беа повредени, а во меѓувреме почнаа два судски процеси.
-
Даниел Василев
Сите содржини од овој новинар
