Владата ја усвои информацијата за набавка на инсулин и друга медицинска терапија за дијабетичарите

Владата на денешната 73 редовна седница ја усвои информација за давање согласност за финансиски средства за набавка на инсулин, глукагон, инсулински игли и ленти за мерење шеќер, инсулински пумпи со потрошен материјал и сензори за континуирано мерење на гликемија за периодот април 2025 – април 2027 година, соопшти владината прес служба.
Износот на финансиските средстав е 2.319.311.828,00 денари со вклучен ДДВ, од кои 1.854.864.916,00 денари со вклучен ДДВ се средства потребни за инсулинска терапија и 464.446.912,00 денари со вклучен ДДВ средства потребни за инсулински игли и ленти за мерење шеќер, инсулински пумпи со потрошен материјал и сензори за континуирано мерење на гликемија.
Средствата е предвидено да се исплаќаат од Програмата за обезбедување на инсулин, глукагон, инсулински игли и ленти за мерење шеќер, инсулински пумпи со потрошен материјал и сензори за континуирано мерење на гликемија со точно утврдена динамика на плаќање. Владата останува посветена на унапредување и грижа за здравјето на сите граѓани.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Весна Пусиќ, поранешна министерка за надворешни работи на Хрватска
-

Во Скопје протест за поддршка на командантите од УЧК
-

Партиски препукувања за темата со мигрантите
-

СДСМ: Партиски кујни на ВМРО-ДПМНЕ за лажни вести
-

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со напади кон Спасовски
-

Франција ја блокира Црна Гора на патот кон ЕУ
-

Може ли да се укине ветото како механизам?
-

За една година згаснале околу 5.400 фирми, објави Централниот регистар
