Владата ја усвои новата Стратегија за конфискација на незаконски стекнат имот

Владата на денешната седница ја усвои Стратегијата за зајакнување на капацитетите за финансиски истраги и конфискација на имот за периодот 2025–2028, заедно со Акцискиот план, соопшти вицепремиерот задолжен за политики на добро владеење, Арбен Фетаи.
Овој документ, како што наведува, ја одразува непоколебливата посветеност на Владата за борба против организираниот криминал и корупцијата, преку зајакнување на надлежните институции со структуриран и систематски пристап, кој има за цел зголемување на ефикасноста при конфискацијата на незаконски стекнат имот.
-Борбата против корупцијата и организираниот криминал останува главен приоритет на Владата. Поради тоа, обезбедувањето услови и зајакнувањето на институционалните капацитети за финансиски истраги и конфискација на незаконски стекнат имот е во центарот на нашите напори. Една стратегија, колку и да е добра, останува само документ доколку не се спроведува ефикасно. Поради тоа, ги зајакнуваме механизмите за следење и надзор, преку основање на Националниот совет за финансиски истраги и конфискација на имот, кој ќе обезбеди успешно спроведување на утврдените цели, нагласува Фетаи.
Посочува и дека неговиот кабинет ќе има централна улога во координирањето и поддршката на овие напори, обезбедувајќи постојана посветеност за реализација на стратегијата.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Весна Пусиќ, поранешна министерка за надворешни работи на Хрватска
-

Во Скопје протест за поддршка на командантите од УЧК
-

Партиски препукувања за темата со мигрантите
-

СДСМ: Партиски кујни на ВМРО-ДПМНЕ за лажни вести
-

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со напади кон Спасовски
-

Франција ја блокира Црна Гора на патот кон ЕУ
-

Може ли да се укине ветото како механизам?
-

За една година згаснале околу 5.400 фирми, објави Централниот регистар
