Владата ќе прогласи кризна состојба, ако ескалираат случувањата на Блискиот Исток
Владата будно ја следи состојбата на Блискиот Исток. Ако есклира и потрае – ќе се носат мерки за заштита на животниот стандард од ценовниот шок кој ќе следи.
Законот предвидува намалување на ДДВ то од 18 на 10 отсто кај увозот на нафтените деривати и намалување на акцизата до 4 денари. – ако се прогласи кризна состојба. Но за тоа ќе треба министерствата за економија и енергетика да достават предлог до Владата, по што ќе се носи одлука .
- Законот е јасен. Има членови во истиот кои кажуваат во кои случаи се прогалсува кризна состојба. во законот е се предвидено. Не можеме да знаеме колкав ќе биде периодот до завршување на ситуацијата на Блискиот Исток, некои велат ќе трае кратко, некои анализи покажуваат дека подолго ќе трае. Треба да почекаме и да видиме, не би сакала однапред да зборувам, изјави Гордана Димитриеска Кочоска,министер за финансии.
Цените на нафтата и гасот и денеска растат, по затворањето на Ормускиот теснец, низ кој поминува една петтина од глобалната трговија со деривати. Барел надмина 83 долари, додека гасот скокна за 37 отсто. Од министерството за енергетика смируваат - има доволно резерви на нафта, или количина за два месеца. Доколку кризата потрае и има притисок врз инфлацијата – ќе мора да се ревидираат и бројките во буџетот.
- Ако ваквата ситуација продолжи, тогаш со ребалансот ќе ги менуваме проекциите. Секако на Владата ќе и стојат и други мерки на располагање, но ќе видиме. Владата е таа што треба да одлучи, премногу е рано особено за ситуација која очекуваме да заврши во пократок период, да прогнозираме дека нешто страшно ќе се случи. Ги следиме состојбите, да оставиме, да видме како ќе се развиваат работите, објасни Димитриеска-Кочоска.
Ланските податоци кои ги објави статистиката покажуваат дела во 2025 та економијата пораснала за 3,5 оттсо., а само во последниот квартал растот бил 3,8%.
За ова година проекциите се растот да изнесува 3,8%, а инфлацијата да се спушти на 2,5 %.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
