Владата на Швајцарија ќе им исплати по 56.000 долари на жртвите во пожарот во Кранс-Монтана

Швајцарската влада соопшти дека ќе им исплати по 56.000 долари на повредените и на семејствата на жртвите во пожарот што изби во бар во ски-центарот Кранс-Монтана на новогодишната ноќ, при што загинаа 41 човек, а 115 беа повредени.
Ова е финансиска помош за семејствата на жртвите и гест на сочувство, објави владата, додавајќи дека обесштетувањето се однесува на секое лице што починало или било хоспитализирано.
Исто така, наведе дека ќе организира состанок со семејствата на загинатите, повредените со претставници на владата и осигурителни компании за да се постигне спогодба и да се избегнат судски постапки. Владата вети дека ќе одвои 20 милиони долари за спогодбата.
Предвидено е и префрлање на 8,5 милиони долари на кантоните за покривање на вонредните трошоци.
Таванот на барот се запали од искри од прскалки. Најголем број од загинатите се тинејџери и странци.
МИА
Ново на Сител
-

Реакции по извештајот на Вајц за напредокот на Македонија
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Имер Селмани, поранешен вицепремиер
-

Силјановска го пречека Бегај во Скопје - интеграцијата на Балканот во ЕУ е гаранција за стабилноста на Унијата
-

Во ВРЕДИ обединети дека сакаат партија, но разединети за функциите
-

Груби и наредната недела ќе прави увид во доказите
-

Пропадна првата средба за Изборниот законик
-

Протест на „Стоп за Усје“
