Владата одобри околу 14 милиони евра за набавка на Трикафта
Владата одобри околу 14 милиони евра за набавка на Трикафта. Пациентите со цистична фиброза влегуваат во посебна програма, а со овие пари од буџетот министерството за здравство ќе ја купува терапијата во наредните две години. Со обезбедените средства лекот треба го добијат 67 пациенти над 12 години кои според лекарите ги исполнуваат критериумите.
- Се работи за лек што e одобрен од Европската медицинска агенција, а ефектот од терапијата, според информацијата од Министерството за здравство е брз, значителен и одржлив и се користи како стандардна терапија за третман на пациенти со цистична фиброза на возраст над 6 години.
Меѓутоа кај нас еден од условите е Трикафта да се дава само на пациенти над 12 години. Од Асоцијацијата за цистична фиброза апелираат оваа модулаторна терапија да ја добијат и помали деца на 2 годишна возраст.
- Затоа што ако почнат да добиваат терапија на 2 години тие деца нема да имаат компликации подоцна, вели Фики Гаспар, претседател на Асоцијацијата за цистична фиброза.
Во земјава досега се дијагностицирани околу 150 пациенти со Цистична фиброза, 50-тина од нив се деца под 12 години.
-
Александар Динев
Сите содржини од овој новинар