Владата подготвува итни мерки: Со даночна интервенција ќе се спречи нов ценовен шок на горивата

Владата најавува итна реакција за да спречи нов драстичен раст на цените на горивата, откако најновите движења на светските нафтени берзи сигнализираат сериозен ценовен притисок. Според информации, се разгледува прогласување кризна состојба поради растот на цените на бензините и дизелот.
Проценките покажуваат дека без интервенција, цената на дизелот би можела да се зголеми за повеќе од 10 денари по литар, додека безоловниот бензин би поскапел за околу 6 денари. Токму поради тоа, Владата планира да интервенира преку намалување на даноците со цел да го ублажи ударот врз граѓаните и стопанството.
Покрај мерките за горивата, се очекуваат и чекори за спречување на евентуално поскапување на електричната енергија, со што би се избегнал дополнителен бран на инфлација.
Денеска се очекува вонредна владина седница на која треба да бидат донесени конкретните мерки, по што премиерот Христијан Мицкоски ќе одржи прес-конференција и ќе ја информира јавноста за следните чекори.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини
-

ДДВ за горивата од 18% на 10%
-

Мерките од Владата не се доволни – ефект ќе дадат мерките предложени од СДСМ
-

Часовникот отчукува: Трамп му постави ултиматум на Техеран – имаат помалку од 48 часа
-

Мицкоски: Нема простор за зголемување на платите на обвинителите, но се вработуваат нови 200 судски соработници
-

“Брзи прсти” за добивање термин кај специјалист
-

Спречен сомнителен увоз на месо од Парагвај и ореви од Казахстан
-

Браната на р.Отиња во завршна фаза - Николовски на увид
