Македонија
14. February 2022 - 16:35

Владиката Агатангел со политичка порака која предизвика реакции од власта

Владиката Агатангел со порака од закројувањето во Кавадарци – само опозицијата може да ги заштити националните интереси. Направи аналогија помеѓу штетниците за лозјето и штетниците за државата.

Со ваквиот говор, владиката Агатангел ја извалка мантијата под која е, а манифестацијата ја претвори во партиска прослава, смета лидерот на Либералната партија Милевски. Го нарече срам и штетник за црквата, и ја повика МПЦ да размисли кого праќа на ваквиманифестации.

- Како што црвите и мувите се штетни за лозарите, така и Агатангел е штетник за црквата. Владиката Агатангел навреди голем дел од македонското население и ја извалка мантијата под која што е. Да беше свесен што зборува, немаше да го каже тоа. Господинот Агатангел, ако може да се нарече господин, е срам и штетник за црквата и од МПЦ треба да размислат кого испраќаат на вакви настани, рече Милевски од плоштадот во Кавадарци.

Лидерот на опозцијата пак, Мицкоски, говорот на Агатангел го оцени како достоинствен, а не потпалувачки. Смета дека во него има повик за обединување околу националните интереси на граѓаните.

Од МПЦ засега се воздржуваат од коментар. Не ја слушнале изјава и се уште не заседавал Синодот.