ВМРО-ДПМНЕ бара JO да отвори истрага, Бочварски тврди дека компанијата за надзор ги има сите лиценци
ВМРО ДПМНЕ бара јавното обвинителство итно да отвори истрага за надзорот врз изградбата на Коридорите 8 и 10д, вреден 22 милиони евра. Според нив во сред постапка биле менувани условите со цел фирма загубар да може да го добие тендерот.
Бараат обвинителството да истражи зошто фирмата ЕПТИСА прво била санкционирана од страна на владата со препорака до сите институции да не склучуваат договори со неа затоа што истата работела несоодветно, незаконски и неетички, за по една година povtorno да добие дозвола.
Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски вели дека се работи за компанија што има свои лиценции за надзор и консултантски услуги во државата и може да учествува на сите јавни набавки за кои ги исполнува процедурите и условите. Доколку постоеле причини за да биде отфрлена, таа немало да влезе ниту во постапката за евалуација.
Бочварски потенцира дека сите институции вклучувајчи го им јавното претпријатие за државни патишта мора да работат согласно законот за јавни набавки со почитување на сите процедури и да носи одлуки кои ќе значат развој на инфраструктурата во државата.
-
Зоран Ѓеоргиев
Сите содржини од овој новинар