-->
-->
Во 2025 година 911 бесправно изградени објекти
-->

Во 2025 година се регистрирани 911 бесправно изградени објекти, објави Државниот завод за статистика.
Најмногу бесправно изградени објекти, 169, (18.6 проценти) се за домување. Од нив 128 се исклучиво станбени, 24 претежно станбени, а 17 за одмор и рекреација.
Бесправно се изградени и 164 огради (18 проценти), 116 деловни објекти (12.7 проценти), 113 натстрешници (12.4 проценти), 110 доградби, надградби и адаптации (12.1 проценти), 106 помошни објекти (11.6 проценти), 79 гаражи (8.7 проценти), 22 летни тераси (2.4 проценти), 17 времени објекти (1.9 проценти) 9 скалила (1 процент) и 6 тераси (0.7 проценти).
Најголем број бесправно изградени објекти, 96.1 проценти, се во приватна сопственост.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Централна свеченост по повод 18 август - Денот на Армијата
-

Муцунски: Надворешната политика е државна политика
-

Активни шест пожари, еден под контрола, а 22 се изгаснати
-

„Не го гаснете селото“, нов протест на родителите на учениците од с. Долни Балван
-

Во голем пожар изгореа неколку куќи и штали во прилепското село Чаниште
-

Teма на денот со Горан Ангелов, директор на Агенцијата за иселеништво
-

Пресек на состојбата со пожарите: Каде гори во Македонија?
