-->
-->
Во Белград целосно е запрен јавниот градски превоз
-->
Целосно е прекинат јавниот превоз во главниот град на Срија, јави МИА од Белград.
Српското Министерство за внатрешни работи утрово наредило целосно прекинување на јавниот превоз во Белград, каде денеска се одржува студентскиот протест „15 за 15“.
Според синдикатот во Јавното градско претпријатие за превоз изјавија дека наредбата од МВР на Србија е примена утрово во 9 часот и пет минути поради безбедносни причини.
„Сите возила на ГСП, тролејбусите и трамваите беа заменети со автобуси, уредно заминаа за сите линии со кои управува ГСП. Во 9.05 часот дојде наредба од Министерството за внатрешни работи да се извлечат возилата до гаражата“, изјави претставник на синдикатот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мурал од Полска како вечен потсетник за поддршката на македонската ЕУ интеграција
-
Тема на денот со Имер Селмани
-
Фетаи и Алиу со ново крило во ВРЕДИ
-
ВМРО-ДПМНЕ го одби повикот на Филипче за лидерска средба
-
Креативна дипломатија во Виена!?
-
И покрај зголемените казни, пиротехника користена во спортска сала
-
ЕУ со хуманитарна трка за Кочани
-
Да не бидеме пасивни набљудувачи на врсничкото насилство