Во Брисел нова рунда од разговорите меѓу Белград и Приштина

Во Брисел денеска се очекува почеток на нова рунда од дијалогот Белград - Приштина со фокус на спроведување на Декларацијата за исчезнати лица.
Делегацијата од Белград, предводена од директорот на Канцеларијата на Владата на Србија за Косово и Метохија и главен преговарач на техничко ниво, Петар Петковиќ, синоќа пристигна во Брисел каде ќе се одржат разговорите под покровителство на Европската Унија.
Делегацијата од Белград ќе инсистира на итно формирање на Заедницата на српски општини како и за положбата на српскиот народ на Косово.
Специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот меѓу Србија и Косово, Петер Соренсен, минатата недела ги посети Белград и Приштина, и рече дека мора да се најде начин двете страни да седнат и да разговараат.
„Мора да најдеме начин тоа да се оствари. Високата претставничка Каја Калас ги посети лани Белград и Приштина. Постојат обврски дека ќе има состанок кога ќе дојде време. Таа ќе свика состанок. Луѓето ќе дојдат и ќе видиме“, рече Соренсен.
Последната рунда дијалог се одржа во септември минатата година, кога Петковиќ, како и на сите претходни состаноци, инсистираше на формирање на Заедницата на српски општини.
МИА
Ново на Сител
-

Обложувалниците против новиот закон
-

Крај на учебната 2025/2026 година и почеток на летниот распуст
-

Телеком донира опрема за училишта
-

Клековски: Прво да се зајакнат регионалните болници па да се направи анализа дали треба нов Клинички
-

ДЗС бара луѓе за летна борба со пожари, плата 44 илјади денари
-

Крај на учебната 2025/2026 година
-

Над 100 текстилни работници од две штипски конфекции без плати и придонеси
-

Менталното здравје кај младите бара поголемо разбирање
