Во домот на напаѓачот во Грац пронајдено проштално писмо

Во домот на напаѓачот кој во своето поранешно училиште во Грац уби десет лица, а потоа изврши самоубиство, истражните тимови пронајдоа проштално писмо и нефункционална цевна бомба, соопшти денеска локалната полиција.
На жртвите на трагедијата денеска им се оддава почит со едноминутно молчење, а вчерашниот напад врз гимназијата во Грац се смета за најсмртоносниот во Австрија по Втората светска војна.
Напаѓачот, 21-годишен маж од околината на Грац, бил поранешен ученик во училиштето каде го извршил масовното убиство, но никогаш не го завршил школувањето таму. Според полицијата, тој користел две оружја – пушка и пиштол – за кои се тврди дека ги поседувал легално.
Полициски службеник синоќа потврди дека во домот на напаѓачот е пронајдено писмо адресирано до неговите родители, но тоа не им овозможило на властите да извлечат заклучоци за мотивите на нападот.
Директорот за јавна безбедност во Министерството за внатрешни работи на Австрија, Франц Руф, за телевизијата „ОРФ“ изјави дека сè уште не е познато дали напаѓачот ги избирал жртвите намерно или случајно, а истрагата за тоа продолжува. Тој додаде дека повредените лица биле пронајдени на повеќе локации во училиштето, вклучително и едно лице пред зградата.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Весна Пусиќ, поранешна министерка за надворешни работи на Хрватска
-

Во Скопје протест за поддршка на командантите од УЧК
-

Партиски препукувања за темата со мигрантите
-

СДСМ: Партиски кујни на ВМРО-ДПМНЕ за лажни вести
-

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со напади кон Спасовски
-

Франција ја блокира Црна Гора на патот кон ЕУ
-

Може ли да се укине ветото како механизам?
-

За една година згаснале околу 5.400 фирми, објави Централниот регистар
