Во Драч уапсени двајца припадници на криминалната група „Беланоца“
Во заедничка акција на Македонската полиција, Американската ДСС и безбедносните органи на Албанија, спроведена во Драч, Албанија, уапсени се двајца припадници на организираната криминална група „Беланоца“, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Станува збор за М.Џ. (26) од Скопје и С.Н. (34), роден во Норвешка, за кои Интерпол имал распишано меѓународни потерници поради сомнение за повеќе тешки кривични дела, меѓу кои убиство, убиство во обид, тешка телесна повреда, недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи, како и злосторничко здружување.
Според информациите од МВР, акцијата била реализирана врз основа на разузнавачки информации обезбедени од Македонската полиција, во соработка со Американската дипломатска безбедносна служба (ДСС) и безбедносните органи на Албанија.
При приведувањето, кај двајцата биле пронајдени фалсификувани лични документи, за кои постои сомнение дека ги користеле за да ја напуштат Македонија и да ја избегнат правдата.
Од МВР посочуваат дека оваа акција е резултат на повеќемесечна меѓународна соработка меѓу македонските, американските и албанските безбедносни служби.
Ново на Сител
-

СДСМ: Власта крати средства за младите
-

Николоски: Ќе надминеме 4 милиони патници годишно
-

Оризопроизводителите пред колапс, ниски цени, висок револт
-

Преглед на вестите од светот
-

Сиљановска-Давкова доби револвер од Ердоган, подарокот нема да го користи
-

Тема на денот со Валдеси Уркиза, генерален секретар на Интерпол
-

Почна судењето за серискиот убиец од Драгоманце
-

Охриѓанец проголтал дрога сакајќи да ја сокрие од полицијата
