Во Грција зголемен бројот на новозаразени
Во Грција е зголемен бројот на новозаразени во изминативе 4 дена меѓу 156 и 266 нови случаи. Споредено со минатата недела бројот на новозаразени е зголемен за 262 отсто.
Здравствените власти апелираат да се зачести превентивното тестирање со брзи тестови кои може граѓаните сами да ги направат и да се избегнуваат активности во гужва додека не заврши процесот на имунизација. За состојбата со епидемијата и процесот на вакцинација грчкиот премиер денеска ќе одржи состанок со претставници на униите и општините.
Кирјакос Мицотакис претходно истакна дека не размислува за сега затворање на границите за да се заштитат неколку невакцинирани граѓани.
Од денеска на сила се нови мерки за патување на островите, потребно е сертификат за вакцина, ПЦР или потврда за прележан ковид.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
