Во Харков 10.000 ученици следат настава во училишта под земја
Во украинскиот град Харков отворено е уште едно училиште под земја. Во Харков тоа е четврто училиште под земја, сместено во специјално изградено засолниште од радијација.
Училиштето е наменето за илјада ученици, а покрај училници има и кантина, сала за состаноци, простории за одмор и здравствена соба.
Од почетокот на војната помеѓу Русија и Украина, во 182 училишта во Харков не се одржува настава под редовни услови поради руските напади, додека 130 училишта се уништени или оштетени.
Во Харков сега има околу 60.000 ученици, а 10.000 од нив посетуваат настава во училиштата лоцирани во метро станици и подземни засолништа. Другите следат настава преку интернет.
Градските власти најавија отворање на уште три подземни училишта до 1 септември, кога почнува новата учебна година.
Ново на Сител
-
СДСМ: Зошто началничката на кочанската полиција не е опфатена со истрагата?
-
Судски не ја разгледал пресудата на Управен за уставната судијка Дуковска
-
Мицкоски: Не ме изненадуваат бугарските позиции
-
Јаневска: Контролите се засилени – учениците да не се обидуваат да препишуваат
-
Измени на Законот за работни односи
-
Неколку кандидати се борат за кандидатурата за Град Скопје во ВМРО-ДПМНЕ
-
80 години Државен завод за статистика
-
ВРЕДИ: 400 нови пожарникари