Македонија
2. јуни 2025 - 12:35

Неколку кандидати се борат за кандидатурата за Град Скопје во ВМРО-ДПМНЕ

Кон крајот на идниот месец се очекува да биде познат кандидатот за градоначалник на Град Скопје од редовите на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Во моментов во игра се неколку кандидати за кои владејчката партија ги анкетира скопјани. 

Најсериозни кандидати се актуелниот министер за локална самоуправа Златко Перински, градоначлникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски, но и првиот човек на скопска Гази Баба Бобан Стефковски кој денеска и самиот потврди дека е во потесниот круг на избор.