Македонија
2. јуни 2025 - 12:33
80 години Државен завод за статистика
Државниот завод за статистика денеска со свечена академија одбележува 80 години од основањето на институцијата, а во рамки на јубилејот утре ќе организира и Статистичка конференција „25 години родови податоци“.
2025 е прогласена за година на македонската статистика и во текот на оваа година се организраат повеќе настани, активности и работилници со цел да се зголеми свесноста за важноста на официјалните статистички податоци и нивната употреба во носењето на одлуки и стратегии. Пред денешната свеченост директорот Станков рече дека македонската статистика денеска објавува веродостојни податоци во согласност со сите меѓународни стандарди.
-->
-->